Во моментот јас од родословното стебло, знаев по нешто сѐ до предокот Никола Поцо, дека се работело за моќно и старо стебло, но со целосна сигурност можев да зборувам само за последните колена, дека, на пример, дедо ми по татко се викал Стефан, а по мајка Славко и дека татко му на Стефан, мојот прадедо, се викал Митре.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
VIII Климент Камилски во еден период толку многу се внесе во читањето и размислувањето за делото на големиот француски филозоф и математичар Рене Декарт што со сигурност можеше да се смета за редок, ако не и единствен картезијанец на овој дел од Балканот, ако не и на целиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Вака, откако црвените заби на црниот ветер ги разнесоа и мојот сон и моето тело, јас со сигурност можам да речам: паметам време во кое живеев.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)