Обемот на полномошното го определува странката и таа може да го овласти полномошникот да презема само определени дејствија или да ги презема сите дејствија во постапката (чл. 85, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така, работникот, како полномошник, може да го застапува лице 16. А т.н. париционен рок, за доброволно извршување на судската пресуда, со којашто се наложува извршување на одредено чинење [активно дејствие] и понатаму остана осум дена (чл. 408, ЗПП/05) – што, сепак, е помал рок од вообичаениот, којшто кај општата парнична постапка изнесува минимум 15 дена. 29 дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот или, пак, во сојузот на синдикатите во кој е здружен неговиот синдикат (чл. 406, ЗПП). 4) воведена е прецизна одредба за одредување на т.н. привреме- ни мерки за обезбедување, 17 што дотогаш не беше случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Постапката пред првостепениот [основен] суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот [апелационен] суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца – доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405, ЗПП). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, во работните спорови работникот како полномошник може да го застапува и лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот, или во сојузот на синдикатите во кој е здружен синдикатот чиј член е работникот (чл. 406, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот може да го откаже договорот за вработување поради причини за кои се дава отказ без отказен рок, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работникот кој се штити од отказ или од надлежниот инспектор на трудот доколку кај работодавачот не е формиран синдикат или работникот не е член на синдикат, а доколку синдикатот во рок од 8 дена не се изјасни, ќе се смета дека се согласил со одлуката на работодавачот (т.н. премолчна согласност).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Така, работникот, како полномошник, може да го застапува лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот или, пак, во сојузот на синдикатите во кој е здружен неговиот синди- кат (чл. 406). 4) воведена е прецизна одредба за одредување на т.н. привремени мерки за обезбедување, 6 што дотогаш не беше случај.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)