синко (имн.) - мајчин (прид.)

- Со сила ли сакате, синковци мајчини? Е, чекајте! - им велам и зафучувам камења преку нивните глави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
БОРИС: Е ќе ги научиш зборовите синко мајчин, сите, пред јас да умрам. МАТЕЈ: Зошто?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- А пукаш да убиеш. Еј, еј, синко мајчин, само те чекав, знаев што мислиш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А, уште едно копанче, синко мајчин, а? Како мисирките на три нозе да одат...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)