Вирее, расте во нив солзата, набабрува ко бисер, се откинува и врвца – синџир го шари образот валкан од земја, барут и чад.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И него Турци го фатиле, со тешки синџири го оковале, за бука го врзале и додека тие на пет-шест чекори од него вртеле овен на ражен, тој умирал во најтешки маки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)