- Сега баба ми ќе ти даде сирење и заедно ќе јадеме, - ѝ рече Дора на Ане и истрча во куќата за секој случај да ја потсети баба ѝ да ѝ даде малку сирење на другарка ѝ.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Е, ај кажи како се прави шопска салата!“ И им кажав. Ако е за гости, ги прашуваш дали јадат кромид, дали јадат луто... и го сечеш патлиџанот на коцки, ставаш краставица, пиперка, кромид на кругови и сирењето на ситно го рендаш... И тоа...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)