скут (имн.) - и (сврз.)

Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат опашката и го прашаат „писо мацо — дреме ли попот".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Циљка го стави во скутот и полека му го отвори клунот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа вечер, кога се опив, ѝ раскажав на Ина сѐ за Луција; таа ми ја зеде главата во скутот и потем долго ме тешеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе ми ја стави главата во скутот и јас ќе му правам патци, што се вели, ќе му ја одгрнувам косата и ќе го требам, ќе го чистам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некогаш, во далечното детство, како што му се чинело на Лозан Перуника, неговиот дедо со благо лице на старински јунак го завиткувал во својот дебел и секогаш чист кожув, го држел на скут и го упатувал в живот преку прикаски во кои победувала храброста и чесноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седумте кадрави трубачи од Откровението на Новиот завет ѝ се кикотеле на земната беда скриени зад прв тежок и вистински пролетен облак што ветувал плисок од кој ќе се избатачи патот за утрешните маки на дваесет и деветмината или еден повеќе со дваесет двоколки и четириесет воденички камења до тој ден веќе прескапо платени...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги ставаше рачињата на нејзиниот скут и ги поткреваше крупните клепки за да се ослободи небесниот поглед што ѝ носеше само радост.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кловнот го спушта палтото во скут и ја крева главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се фати со двете раце за кусачката, па и неа ја принамести на ставата, размрдувајќи ги рамената по што, сметајќи се за спастрена и уредна, ја спушти левата рака на скутот и ја преклопи одозгора со дланката од десната рака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бабата го зеде в скут и почна да му става студени облози врз каснатото место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги отворам очите и гледам - Уља ми ја зела главата во скутот и плаче над мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега, клајте си ги главите в скут и поштете се од гниди, вели Доксим Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)