- Тоа се моменти на слабост во духот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Така знаеја дека нивната најголема храброст лежеше во добрата и однапред испланирана акција, а нивната најголема слабост во потребата за апсолутна контрола над текот на истата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакаше прво да му помине малаксаноста што му го обзеде целото тело и правеше да чувствува слабост во колената.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Особено ако умее да се издигне над политичкото милје во кое живее, допуштајќи си еден контрапанагиричен стил со кој ќе укаже на слабостите во општеството, како во колумната „Кругови“ од 19 јуни 2012, на Утрински весник, во која авторот нејзин го вели следново: „...и планетите се вртат во круг и ако од нив се одвои камен, тој неминовно паѓа зашто ја нема центрифугалната сила која ќе го држи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)