слобода (имн.) - ќе (чест.)

Како да се одржи еден слоган како „слободата е ропство“, кога концептот на слободата ќе биде напуштен ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- „Карев, - како да го слушаше и сега гласот на далекувидниот Делчев, - слободата ќе ја извојуваме... Сигурно!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А нам слободата ќе ни остане само сон...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Вистинската слобода ќе те парализира. Патував во Египет, Персија. Знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Слободата ќе дојде кога ќе го надминеме стравот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Денес сиромашните - културно, според социјалното одреду­вање и по самоодредувањето - се „лоши потрошувачи” повеќе отколку „експлоа­тирани произведувачи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Галбрајт заклучува дека во иднина луѓето кои малку нешта можат да направат со својата слобода ќе бидат систематски уривани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Најмногу навикнати на туѓи господари и знамиња, а најмалку на своето, на ста­рото древно знаме уште од војните на Скендербег, во 15 век, тие често го криеја, во чеизот на невестите, во двојни­те дна, под подовите, го соѕидуваа, со надеж дека слободата ќе го развее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)