Известувањето за планираните колективни отпуштања работодавачот е должен да го достави до службата надлежна за посредување при вработување, најдоцна до 30 дена пред донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос на работниците, а доколку рокот е пократок од 60 дена, службата за посредување при вработување може да побара продолжување на рокот до 60 дена по известувањето, ако проблемите кои произлегуваат од планираните колективни отпуштања не можат да се решат во рамките на почетниот период.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
За објавување се смета, исто така, и објавувањето во просториите на службата надлежна за посредување при вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По обавеното информирање и консултирање, работодавачот е должен писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување, поради помош и услуги од посредување при вработување, каде ќе бидат инкорпорирани и ставовите од претставниците на работниците, како и вкупниот број на работници и причините поради кои ќе бидат отпуштени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, е должен во јавниот оглас да ги наведе условите што се бараат за вршење на работата, рокот за пријавување, кој не смее да биде пократок од пет работни дена и рокот во кој работодавачот по истекот на рокот за пријавување ќе изврши избор, доколку со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Обезбедување потреба од работник а) Со измените од февруари 2013 година, кон чл. 22, кој го регулира начинот на обезбедување на потребата од работник, беше додаден нов став кој пропиша дека за сезонска работа може да се заснова работен однос и без јавно огласување, но на ограничен период од 90 дена, со посредување на службата надлежна за посредување при вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
5. Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закупецот му гарантира на закуподавецот дека подзакупецот ќе го употребува предметот според договорот за закуп (чл. 589, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)