Затоа тие зборови и не пречат многу, дури кога постои сопствен збор, во тие случаи можат да останат синоними, со понекогаш посебно стилско значење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога сум премногу радосна мене ми се случува и да скокам, и да рипам неконтролирано, а таквото нешто во овој случај можеше да биде и навистина опасно, оти јас седев на килимот врз мојата работна маса, таа пак е веднаш до прозорецот кој во тој момент беше широко отворен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
БАРБОШИН: Во тој случај можам да ви посоветувам еден таен начин, кој ретко се применува, но со успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Хомосексуалниот секс во некои случаи можело да испадне лош без да биде болен: можело тоа да биде обично опачно задоволство, краен облик на разврат; не секогаш било показател за „морална безумност“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Постоеше можност некој да ги открие засолнатите и само еден таков случај можеше да ја уништи целата операција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Хрисостом го бодреше дека во зафатот ја имаат поткрепата на сите Закинтјани, иако понекогаш ни самиот не беше сосем уверен во тоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Да одат на бригадирски казан, не што им беше под ниво колку што секогаш кога ќе се делеше храната тие ќе беа некаде на терен, а во најдобар случај можеа да им го оставаат следувањето во шаторот па тие по дневното снимање навечер да си ги најдат порциите залоени како штирак, полазени со црвени мравки и по некој полски глушец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ѝ реков: „Рајно, Рајно, зошто си толку злочеста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не, тврдењето на Рајна дека дед Павел се фркнал, беше една голема произволност што во најлош случај може да те растажи ако веќе не те засмејува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Примерот на Н Н е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците - тужители, од позиција на властодавци, секогаш навремено да ја следат и оценуваат работата на своите полномошници–адвокати, како тие го водат процесот и како тече неговата динамика, па ако е потребно, по претходна консултација со друг адвокат, да проценат дали е целисходно да го променат својот договорен правен застапник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, од овој случај можеме да заклучиме дека понекогаш борбата за своите права може да трае и предолго, барем во вак- виот денешен неефикасен судски систем – но дека со упорност, самоувереност и добар мотив може да се достигне и она што, на прв поглед, изгледа бесцелно и обесхрабрувачки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)