случај (имн.) - сака (гл.)

Наместо вовед Драги Сашо, Случајот сакал (сепак, мислам дека ништо не е случајно, иако наполно верувам во неговата игра), текстот за твојата најнова прозна книга да го започнам исто како и ти почетниот расказ „Прокопија“ – во епистоларна форма.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ЛОВ На веста за смртта на Ватсјајан Агјеј Првпат кога го поведоа на лов случајот сакаше на сртот тој да забележи дивокоза со нејзиното малечко.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но случајот сакаше да ги стави во отворено искушение, од што на сите во Потковицата им се пресече здивот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој пат, еден од ликовите во неговата проза, неслучајно жена (неговата Муза, можеби?), ќе му ја шепне магичната формула, ќе ги пушти во етерот (електронски) безмалу пророчките зборови како лек за болест наречена минливост: „ми се чини дека времето е низа од реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување“ („Футролата“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зашто упорно се ширеле гласови дека колежите биле подготвени од заинтересирани кругови во власта, а случајот сакал тие да се совпаднат со борбите во Цапари и крадењето на пушките146.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)