Законот од 1992 вклучи и одредби со кои се утврдуваат максималните износи што правното лице може да ги исплати за нето плати, во случај доколку не извршило исплата на нето платите за март 1992 година, заклучно со 25 април 1992 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Измени на ЗВОСН од 2014 година Со измената од февруари 201450 година се предвидува уште еден дополнителен основ за бришење на лицето од регистарот на невработени лица при АВРМ или од регистарот на лица кои учествуваат во програми за активна политика за вработување, а тоа е случај доколку едно лице одбие субвенционирано вработување. (чл. 61-ѓ) Со оваа измена се дава едно значајно олеснување на работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат невработено лице, корисник на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)