Додека Лима се нервираше од нивните детски луди глави, мене ми се умираше од смеа додека возбудено чекав што следно ќе се случи и каков скеч ќе ми приредат младите штурци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник им викаше да молкнат. Од ридот паѓаше споулавена смеа додека болниот квичеше со глас на премрзнат пес и го повторуваше името на Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)