смола (имн.) - и (сврз.)

Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сонцето преку ден ги растопуваше смолите и маслата во нив и навечер тие го испуштаа својот опоен мирис.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кај нив времепловот застанал кај: забавите у Таверна и Огниште, чудото пред Камел, висење пред Путник и Ванила, скара кај Сердарот, гирици у пролазот, боза кај Апче, журки у Јурист и Дваес'кец, дремење у Селф, гужва пред АниБониПирамида, салеп у Пеливан, мекици на Стража, стампедо на клизалиште, афричка смола и пченки пред Летница, гурање у Зелен Рај, симит–погача на Бит–пазар, сунчање на Церипашина, забавите на Цајо, гемишт кај глувите, извидничките кампови у Чањ и Морињ...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)