Не сакав да помогнам - не знаев ниту како, ниту пак сакав да влегувам во гомнената каша во која седеше таа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мајка ми беше напната за тоа дали ќе ја најдеме зградата во која живее снаа ѝ Христина.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Што има да седи да ја гледа напорки и снаа ѝ и внуци и сите во куќата, и да си имаат браќа и непријатности со жените заради неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Да, навистина му крчат, гладен е, ама не признава, - додаде тетка ми Олга, за првпат сложувајќи се со снаа ѝ.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ама за Тодора, својата жена, зборуваше како за душа помека и од онаа на Паунка, снаа ѝ, а и побистра и поубава од некоја лична и учена анама.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Мамо, мамо, дај смири се, - се обиде да рече нешто братучед ми, но тоа имаше обратен ефект.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)