- Море, ба му тоа мајче, вели Јон, сѐ ми се тресе, сѐ ми се ниша. И душата ми се ниша и снагава ми се ниша вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- И мене, домаќине, ама снагата ми е омалена. И без сон бара починка.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И цела снага ми чука. Леле, ќе припаднам, си мислам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сега денес по снагата ми минуваат трпки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
АНТИЦА: Ах, срцево ми игра, снагава ми трепери од радост и ете, не можам ни да читам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сета сум сневидена, цела снага ми трпне од нешто како страв и умора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
II Прво се изјазив како во детските игри малку игнеиплик и малку ушка високо да ја гушкам но снагата ми се претвори во сатар и секира што трчаат по стеблото разбегано по полјаната.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)