снег (имн.) - ги (зам.)

Но така е до разденувањето, а штом ќе се развидели, луѓето продолжуваат со лопатите да го чистат снегот, да отвораат нови премини или да ги продолжуваат оние патеки што ги оставиле вчера или кои новиот снег ги зарамнил; се собираат на широкиот пат крај езерото и зборуваат за сè и сешто, а најмногу за мобилизацијата, за своите најблиски од кои немаат никаков глас и за кои не знаат каде ќе ги истават коските...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот снег ги покрива ретко расеаните капки крв по пустите улици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Големиот снег ги имаше сопнато луѓето, по улиците и сокачињата шавреа само оние што одеа или се враќаа од работа, и секако, децата од сите возрасти.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не можеш да се разбереш, вели, а трагите зад мене снегот ги пополнува, ги зарамнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
При силните мразеви, при студените ветришта снегот ги чува посевите, ги топли и тие безбедно презимуваат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во Берлин владееше некоја свечена тишина. Тенок снег ги покрил улиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А дедо Стамен, кој презимил многу зими, и снежни и суви, кој жнеел многу жетви и добри и лоши, одговори: - Снегот ги штити житата од мразевите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)