Снегот веќе престанал да врне, ама студот си останал во воздухот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Снегот веќе не паѓаше така насилнички, небото изгледаше попроѕирно, но со тоа воопшто не се поправаше положбата на момченцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Ане, многу добро ми изгледаш. Студот ич не ти делува. - Што да ти кажам, како роза зиме...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Снегот веќе беше расчистен по главните улици.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Големиот зол снег веќе со денови ги блокираше сите важни сообраќајни правци во земјава: - Што е ова што се случува?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)