Имено, снимателот ги беше поканил, по повод успешното привршување на снимањето, на по чашка пијалак во Клубот на филмаџиите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но затоа, пак, сигурно по налог на режисерот, снимателот ги качуваше по сите околни ридови да ја снимаат панорамата на целата долина, во тотали со благо швенкување за де се опфати от крај до крај, со трите села во неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Еднаш навистина се сретнаа со вистинска мечка високо во шумата, но искусниот снимател ги стивна, ни да продолжат ни да се повлечат додека мечката, непредизвикана, но ‘ржејќи, не си го продолжи патот преку паднатите стебла и мувлестите пенушки, а тие - цела екипа, еден по друг - не ја заобиколија (да ја прескокнат не се осмелија) свежата па дури и расчадена лепешка што ја беше оставила таа среде врвицата, не само за да ги одвраќаат погледите туку и да си ги затнуваат носевите од неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пресекот на телевизиските производи се движи од извонредно реалистички, што снимателите ги создаваат целиот свој живот, до наједноставните наменско изрежирани забавни емисии, што се проткаени со вештачка искреност и карикирана стварност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Немаа време да се разберат, макар и само со погледи, кој го изрекол тоа, зашто снимателот ги разбрка како гладни врапци, а на Ване на уста му беше да праша кога ќе му се оддолжат на возачот со неговиот жедуван топ пиво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)