Снимателот беше, впрочем, предвоен фотограф, кој излегол во партизани последните месеци колку да им ги направи на новите раководители првите ретуширани портрети, па како таков, то ест како уметнички фотограф, стана и филмски снимател во новооснованото филмаџиско претпријатие, но иако дополу задоволен криеше уште амбиции, што допрва имаше да ги видат оние што беа доделени да ги сетат на свој грб.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Асистент снимател, - почна Геро заземајќи посериозна поза, што ќе рече дека и запалката ја прибра в џеб, - тоа ти е првиот човек по снимателот во екипата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)