Односно дека нејзината соба е еден спрат погоре во таванскиот дел од куќата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Одобено оние на кои не им одговара да ме слушаат. Собата е натискана со луѓе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Нашата соба е мала како кутија“ , пак повторија браќата. „Зоолошката градина беше затворена.“ „Однесете го на крај град и оставете го“ , прсна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На вториот кат од куќата само една соба е направена, а другите зјаат без прозорци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Собата е послана со ќилими. На сред соба бакарен мангал.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Мангалот на средината од собата е згаснат и запретан во пепел.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога низ Гнездо ќе се раширеа пеколните крикови, кога тие крикови се хранеа едни со други, се бодреа, се потсилуваа, мене ми се чинеше дека сме фрлени во некаков непознат, страотен свет, во кој сепак сме заштитени со ѕидовите на нашата соба; понекогаш, кога низ Гнездо ќе се раширеа пеколните крикови, кога тие крикови се хранеа едни со други, се бодреа, се потсилуваа, Клара кажуваше: “Оваа наша соба е како матка.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Доктор Гете секоја прва сабота во месецот ни држеше предавања во големата сала на Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во собата е топло. Печката боботи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)