соба (имн.) - мириса (гл.)

Ама, кога ќе погледнам кон детето, како го поткрева мешето, како си дише накусо, мислам целата соба мириса на јоргован.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утре кога ќе дојдеш ќе ти кажам дека ноќта имаше светла месечинка, кога ме бакнуваш носот секогаш ти е студен собата мирисаше на портокал од нашите корупки што сестрата утрово пак ги фрли.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
А целата соба мирисаше на радост. И на мусака!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)