соба (имн.) - ги (зам.)

Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долгиот Томо и Рада во спалната соба ги чекаше легло со вонстандардни димензии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа и ги чувам неговите алишта, и предметите од неговата соба ги оставам онака како што тој ги беше оставил кога замина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сончевите зраци кои како рој влегуваа во собата ги почувствува како огнени стрели кои се зариваат во нејзиното тело и вивнуваат во пламен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)