Тоа беше некој вид склад за фрлени предмети, веројатно собиче во кое чистачките го оставаа приборот, заборавено место какво што постои во сите стари куќи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но, нему му беше тешко со она, што се случуваше тука, внатре, во неговата собичка во пиланата, во кја сега беше и толку пријатно топло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неа човек ретко можеше да ја види надвор од својата собичка во која живееше затворено, тихо.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Разбрав дека треба да ја напушти скромната собичка во едно од париските предградија, зашто не ја платила наемнината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И сѐ ќе биди добро“ му рече со блага насмевка баба Мара на газда Таки гледајќи го во очите, додека тој остана збунет во лицето и немо ја напушти топлата собичка во која се слушаше пуцкањето на дрвата во ќумбето и тропотот на дождот во прозорецот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)