Како ги раскажувам соништата и кому
Клошарите со посвета
Предметите по употребата
и мислите, Соблекување или почеток
на разговорот и другите ненапишани песни
одрани налик на волот на Рембрант
крвта остава силен впечаток, нели
има боја, вкус и позадина
нели има свој пулс, своја група, свое месо
станува естетски предмет или вода
потаен жар се
од нив ми гори под нозете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)