Но посебно жално во целава приказна е дека Крлежа е промовиран во Туѓманов советник во моментот кога веќе речиси на сите им е јасно дека Претседателот воопшто нема потреба за интелектуални совети бидејќи тој самиот себе си е доволен интелектуалец, уште повеќе, дека тој и не е ништо друго туку типичен хрватски интелектуалец, значи сега кога е јасно дека нашиот Претседател сето ова време воопшто и не се занимавал со политика, туку само го довршувал својот историчарски opus magnum со делото за настанокот на хрватска држава во дваесетиот век, потопувајќи го овојпат перото во крвта и солзите на сопствениот бескрајно обожуван народ.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)