Најлоши биле оние што го раскажувале филмот, всушност, кажувале кој е убиецот во филмот со криминална содржина или дали момчето и девојката ќе се оженат откако претходно воделе жежок секс, ако не им купиш од изложените артикли во кошницата од врбови прачки.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ваквата двострана природа на писмото дава основи за типолошка класификација во согласност со карактерот на планот на содржината или на планот на изразот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Соодветно со реченово, системот на писмо како систем од знаци се карактеризира со два плана: со план на израз и план на содржина, со што се во корелација и знаците на конкретниот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секој начин на суштествување или на чувствување кој може да се дисквалификува како несериозен – како што се изведбениот и мелодраматичниот – не е вистински мажествен, туку покажува склоност кон женственото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Играњето улоги не е во согласност со пројавата на суштински идентитет – на вистинското битие на поединецот – па затоа изведбеноста нужно подразбира неавтентичност и отсуство на вистинска сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликата меѓу стилот и содржината или меѓу стилот и сушноста е пресудна за разграничување на изгледот од стварноста: стилот важи за женствен, а сушноста за мажествена, бидејќи мажественоста длабоко се занимава со вистинската содржина на нештата, додека женственоста се занимава со несериозни работи како што е изгледот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мажите дејствуваат, жените настапуваат.
Убаво е, вистина, да се отфрлат ваквите невкусни поимања како идиотски, како обични бизарни општествени предрасуди – надминати, старовремски, ветви, карикатурални.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше тоа лекција за самото пишување, за ставот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Хулио Кортасар најдобро ја сосредоточува големината на тој долг: „Големата лекција на која нѐ научи Борхес“, рече Кортасар, „не беше лекција за темите, содржината или техниката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Подоцна тој падна во стапицата на користење една единствена придавка, на очигледен начин, за да го восхити читетелот, понекогаш претворајќи го делотворното средство во недостаток.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За ставот на еден човек кој, кога пишува реченица, мошне внимателно размислува, не за тоа која придавка да ја додаде, туку која да ја исфрли.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)