И кога сево ова излегува, така некако сосема едноставно, како и да престанува да биде важно, до каков одговор, до какво сознание ќе се дојде, туку останува сè во сферата на причината поради кои овие песни се толку екстрактни, толку неодгатливо, лесно проблеснати пред нашите суштини, што нè отповаруваат.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Јас знам дека не сум умрен, ама ако тој го рашири тој глас тогаш мене никој нема да ми верува, сите овие видувања, овие сознанија ќе останат несоопштени, луѓето незадоволени со одговор на прашањата за кои тие мислат дека нема одговор.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)