Се предаде. И покрај тоа, ја однесоа во павилјонот наменет за агресивни пациентки, ја смирија со млаз студена вода од цревото и ѝ вшприцаа терпентин во ногата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мораше да почека да се излее згрутчената солза што ѝ се создаде во грлото. – Зајаче, душо моја – воздивна. Солзите ја совладаа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На крајчињата од очите на Пелагија се појавија зрнца солзи што брзо се слизнаа по образите како низи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)