А проблемов уште повеќе се усложнува кога и самиот ќе заклучиш дека однесувањето на службеникот е коректно и сите негови постапки се разумни па нема да те изненади дури и ако ти се обрати со предупредувањето дека немаш право да ја вознемируваш неговата присутност, тој овде се наоѓа на тешка и одоговорна задача!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сомнението ги содржеше на пример и овие прашања: со кое право можеш да му нудиш помош некому кого не го познаваш и тоа во ситуација кога тој со ниту еден гест не побарал таква помош од тебе?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но таму најчесто се кријат на болката, на немирот реките.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Сличен став сретнав – реков - и во песната на Самоников „Љубов”: Токму во сомненија ги наѕирам на спокојството патеките.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)