сон (имн.) - сонува (гл.)

А кај ќе легнам ист сон сонувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Богуле лоши соништа сонуваше. Во писмото што го испрати пишуваше: „Драги тате, пак сонив лош сон.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дека гладна мечка ни оро игра ни сон сонува.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Какви ли соништа сонуваат?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги наведе тој своите очи и почна да се чуди пред Анѓа. оваа пак го заговори: – Знаеш што сон сонував ноќеска, Стојане?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многу ми се сакаше, речиси нешто ме копкаше, некому да кажам што сонови сонувам, ама не решив, пред стрика Бориза ќе испаднев религиозен и суеверен, а тоа најстрого го имаше забрането Партијата, и стрико Борис за такви работи, религии и суеверија, не проштаваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ти си песна, а јас нејзин пеач слушам како навива звукот шепоти тихо морничаво „Неповратен сон сонуваш!“
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На еден зглавник насон двајца млади се здружиле... еден сон сонувале...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)