Бегајќи од шумот на твоите врсници, често нешто во мисли те влече: во сонот ги гледаше битките, а најаве место играчки — имаше мечој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Соништата ги продавам за повеќе да не се разбудам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога бев дете имав свои детски соништа, сонот го сакав повеќе од утрото и новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Некои легнуваа и сон ги совладуваше од зашеметувачката топлина на огнот, а некои издржуваа без спиење цела ноќ и така будни го дочекуваа раѓањето на новиот ден и доаѓањето на луѓето од селото.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ако ти налегнат многу грижи, гледај да заспиеш, зашто сонот ги поклопува грижите; сонот и грижите не спијат заедно, немат помин...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Длабокиот сон ги исклучи сите други соништа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Парчињата од искршените соништа ги сокрив под тепихот за да глочкаат и крцкаат, секојпат кога копнежот се прикрадува на прсти.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ги сонував ишињата, на сон ги викав и довикував. Ги молев.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се сети дека пред да биде уапсен и донесен со специјален авионски лет во Виена, тој цели петнаесет месеци лебдеше во облаци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Според Гастон Башлар сонот ги означува крајните граници на нашиот дух.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најчесто во сон, откако тајно ќе ја минам границата се упатувам во мојата родна куќа крај езерото, која веќе не постои во реалноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сонот ги затвори сите отвори во неа и утринта кога се разбуди не ја најде во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Секоја утрина се будам млад како сонцето што далгите но сонот ги позлатува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
И така јас моите не си ги видов... и само ноќта кога за миг успевав да задремам, во сон ги гледав нивните расплакани очи и подадени раце за гушкање...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но ако сонот ги подржеше малку подолго, тогаш тие беа спремни за најбезумни дела.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Или навистина стануваше збор за обично влакно на полноќен гуштер? (Една од оние влечуги со коса низ која поминува патец од челото па сè до окото на опашот) А со перчиња збрани во плетенки што се влечкаат под шарената утроба на гуштерот Најпривлечни се сепак скапоценостите што сонот ги чува и оние што сонот ќе побрза да ги скрие кога ќе ги допре нашето будно око.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Старецот рече: „Сите мои луди соништа Ги ловев со мрежа за пеперуги.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Памети: Божинов слезе од катот и гласно објави дека и во сонот ги посетил.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сонот ги брише сите неволи и тегоби на животот...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)