Кога се пее и се сонува на плоштадите во Картагена де Индиас, џабе ти песната, ако не знаеш да сонуваш, сонуваш - низ сонот полесно се разбира јавето на расно измешаните страдања, а некако полесно е и протирањето низ проѕирноста на делникот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ирена се облече соодветно за вечерна прошетка и со желба да ги раздвижи своите нозе, да се измори што е можно повеќе, како би му дозволила на сонот полесно да ја совлада.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)