Ми требаш како на поетот болката за инспирација во сонот да ја вратиш насмевката .... да ја снема тагата во моето срце.... да заспијам мирно, тивко...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
И, Европа дури им се потсмеваше на неговите соништа да го испади Исуса од црквата, Бајазит, со висок турбан и ретки дијадеми на главата, добро знаеше дека пропаѓа секоја мисла која престанува да се движи и затоа извика: вие, Европјани, не плашете се од мене туку од моите соништа и од мојата упорност плашете се...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ако ја испружев раката во сонот да ги допрам – се будев, и го губев и сонот. Сонот за Луција. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Заборави го, вели Оливера Поточка, може некој сон да ти дошол на јаве.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Идело така и на јаве и на сон да ти се прикажува исто.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им дозволува на змијоглавите лилјани на сонот да исползат од папокот, од очите, од сексот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Само замолкнувањето на Аванти пополо И само префарбувањето на бандиера роса А ваму новите соништа да претежнуваат од популизам И да не важи веќе поговорката Дека секое влакно си ја знае својата леснина
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
За да има фантастика
во книжевноста
неопходни се четири услови:
да се премине од стварноста во некој сон
да се патува во време
да постои приказна во приказната
да се има двојник или неизвесен идентитет.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дали во него се пренесуваше неговиот неостварен сон да излезе од маѓепсаниот круг на балканскиот егзил или имаше нешто друго, величествено во неговиот страдален живот, преполно со заминувања, со неизвесности.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како можеше во толку летни ноќи толку соништа да се претераат, толку чуда да ни се пресенат?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Барем на сон да ми го донесе и да ми каже, да ми го покаже, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)