сонце (имн.) - зајде (гл.)

Потоа сонцето зајде - во мракот за да те видам морав да те допрам.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
с. Ореово, Битолско Во Преспанско сонце зајде И мрак темен покров фрли, a од мракот шум се дига смрт лоша уста зина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Сонцето зајде, се нафати мракот, се стемни, езерото ги промени сите бои и најпосле остана со една чакната блескавост што зрачи студенило.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Еве таа го разбира неговиот вик и својот час, необична, таа го поведува орото во прва приквечерина, кога е сонцето зајдено и иде темнината.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сонцето зајде. Се спушти темна ноќ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отспротива, штом сонцето зајде, слушнав прскање со црево.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во меѓувреме сонцето зајде и светлината почна да станува извалкана.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)