Умирал во својата радост и израснувал од самиот себе нов и силен; на неговата подмладена крв и сонцето можело да се испече.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Блесокот на сончевата палавост, така живо тоа утро удираше на прозорецот на кој требаше да има стакло, но поради тоа пак, сонцето можеше лично да ги погали младенците.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но Доце Срменков, како што се чуло, веќе испратил стројнички, три трудни жени во црно, да ја молат Фиданка Кукникова да ткае и да везе женска кошула - млада е, убава е, свадбата ќе се памети.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)