сонце (имн.) - ги (зам.)

Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А врз сето ова, сонцето ги разлева своите благотворни лачи и ја вика целата природа нов радосен живот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Водоскокот ја распрскуваше водата во вистински воден прав, низ кој сонцето ги прекршуваше своите зраци во сите бои на виножито.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ти трагаш по небеските ѕвезди, по тајните на сонцето, а јас ѕвездите и сонцето ги барам на земјата, во луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Велат, жешкото сонце ги подбуцнуваше суетните мечтаења на источните властодршци за непрегледаната моќ на новата Империја, потпрена со нивните гигантски статуи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дека утринта, кога не наспани ги разбудија, им пристуде, штом сонцето ги затопли им се приспа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Утрината зрак сонце ги фати и преплашено станаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако помина зимата и сонцето ги измами надвор, се договорија и другата зима да ја поминат заедно, во истата пештера.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сонцето ги пробиваше зраците низ црвеникавите облачиња, чиниш зад нив, таму некаде далеку, силен огин е запален.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ги измија садовите и кога ги ставија на местото, минаа преку терасата и кога стапнаа на земја, раното сонце ги обвитка со својата нежна топлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Облаците се разбија а нив сонцето ги биеше в чело и ги заморуваше. Тешко се качуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во изгревот на сонцето ги собираа жените. ...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седеа еден спроти друг и се гледаа право в чело, а сонцето ги потпечуваше озгора како на тлеан оган и тие си зборуваа тивко, речиси со шепот, да не ги исплашат рибите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред изгревот на сонцето ги однесоа во шумата над Дреново.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сонцето ги носи низ ветките и ги залепува на ѕидот.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сонцето ги позлати залистените врвови на дрвјата и навести прекрасен ден.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега кога речиси неосетно нашиот поглед Ја губи светлината што шеташе со години По обожаваните предмети (Трепери само уште по предметите Што сонцето ги држи во раката дрско протната низ стаклото на прозорецот)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сонцето ги носи низ ветките.“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И, еве сега, додека раново утринско сонце ги милува по лицата, тие со мислата се враќаат за една година, назад.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ЗБОРНО МЕСТО Стигнавме во лозјето, сонцето ги спушташе нозете и пак се криеше, а тука имаше едно големо дрво каде ги оставив работите што ги носев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На мазната езерска површина сонцето ги отсликуваше сребрените прамени зраци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)