Ги плашеа појавите што се заредија: сонцето никогаш не заоѓало такво, чудно, црвено чиниш како крв да се разлеала по небото; и езерото црвенееше како засирена крв; гракчеа птиците во панична возбуда, кружеа во јата, се префрлуваа од едно место на друго, застануваа на дрвјата и зафатени од црвенилото веднаш бегаа како од пожар и пискаа грозно над селото што луѓето намовнуваа слушајќи ги.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)