Ситната и топла песок што го прима неговото големо тело дозволува со саати да лежи врз неа додека од другата страна на реката сонцето полека се искачува по белото небо.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Распламтениот диск на сонцето полека се спушта и, облевајќи го небото со алов пурпур, тивко згаснува зад ридот и во расплаканите очи на Фимка. Покрај неа сѐ уште врви колоната.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сонцето полека заоѓа зад Галичица. Небото се престорило небаре бакарна тепсија - уште некалаисана.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)