Само со една работа имав извесни тешкотии додека луѓето не се навикнаа: никој немиен и нетолерантен не можеше да влезе во автобус на јавниот сообраќај во нашата Република.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И недели, кога по дома се слуша само завивање во круг, зошто ми личи на сообраќај во круг.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со тие пари отворив фабрики за специјани автобуси и воведов компјутеризиран јавен сообраќај во целата Република.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Меѓутоа, ваквата препоставка брзо отпадна кога, минувајќи низ големиот плоштад „Конкорд“ и упатувајќи се кон „Сен Лазар“, една од невралгичните точки за сообраќајот во Париз, со моите скопјани забележавме дека улиците се преполни со полицајци, со толку многу полицајци што во еден момент, ако не ги препознавав во униформите, ќе помислев дека се војници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)