„Сега таа (Шефот мислеше на Ема; тој секогаш, дури и кога во себе ја анализираше ситуацијата, имињата на соработниците ги прекриваше со заменки), треба да се употреби, всушност, таа сега ќе може лесно да се манипулира.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
После 1959, хепенинзите што ја вклучуваат и публиката и уметниците, во САД и Европа ги изведуваат разни уметници меѓу кои се Kaprow, Oldenburg, Dine, Schneemann, Vostell, Knizak, Lebel, Kudo i Kasama, а уметниците собрани околу Флуксус (Fluxus), како Ono, Paik i Moorman, Higgins, Beuys i Vautier исто така го користат телото во својата уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Виенските акционисти беа меѓу првите што ги злоупотребуваа телата за да го пречекорат јазикот и да ја интензивираат пораката. 1962 г. Hermann Nitsch се врзува за ѕид како да е распнат, а врз него е фрлена крв од јагне. Otto Muhl и неговите соработници ги обесчестуваат своите тела во една хаотична, оргијастична инсценација, со цел да ослободат одредени табуа и да го ослободат поединецот од репресијата на буржуаското општество. Rudolf Schwarckogler создава серии инсценирани фотографии на коишто телата на различни начини се рануваат, бандажираат и уништуваат со струјни удари.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)