Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Соседот го внесе во радиостаницата, го поведе низ ходниците, го доведе до една врата на која пишуваше „кадровик” и го турна низ неа во зачадената просторија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Соседот го извади саатот од појасот, нестрпливо го погледна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јужниот сосед го каниме на гости да му кажеме што значење има зборот МИР...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ранобудните соседи го следеа како заминува со куферчето, секогаш љубопитни каде патува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)