А грозна смрт ги зафаќаше; кравите, воловите, телињата, умираа од надуени меови, со кренати нозе како на гајда; од устите им течеше пена и недоџвакано зеленило; очите им беа испопулени, ишиклени; главите ги држеа свртени кон небото како да чекаа од него спас или навалени на едната страна како да се одмораат и спијат; опашките кренати и извалкани од лепешки; пред да умрат, испуштаат издишки, јачат како човек што тешки болки го притискаат; преткаат, клоцаат со нозете како од нешто да се бранат; ако се згодиш тука крај нив, те гледаат милозливо, те молат очекуваат од тебе спас;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И долго гледаше само во една точка на ѕидот од лабораторијата како од неа да чекаше спас или како низ неа да сакаше да го протне и да го истисне своето мачно расположение.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)