Неизвесност ѝ ги стиска со обете дланки тешките, некако доилски валчести боски, и гори, по бедрата ѝ лазат мравки, жена е што секогаш пред спиење е возбудена.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Огнот е шеесетинка од пеколот; медот е шеесетинка од тревката мана со која господ ги нахранил гладните во пустињата; саботата е шеесетинка од оној свет; спиењето е шеесетинка од смртта; сонот е шеесетинка од пророштвата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- „Спиењето е губење време“ , велеше Лазор Ночески, „спиењето е најголема денгуба“. Ама и тоа требало, си велам утрото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па и со спиењето е слично: раководителите велат дека со спиењето и децата растеле...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)