спомен (имн.) - од (предл.)

Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И после животната далга потребна е инкарнација на душата, евокација и ескалација на спомените од детството, необична синхронизација и еквалибриум на вкусовите и возбудливите задоволства насекојдневието, валоризација на фасцинантното патување низ животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во свежите и остри утра и уште постудените ноќи сјајот во едни веќе далечни очи ме запозна со топлата страна на студот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во мигот како противтежа во чувствата од Атеистичкиот музеј ми навираат спомените од чудесните витражи во катедралите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На малското радио (тогаш беше само едно) ќе настапеше некој првоборец кој што евоцираше спомени од НОБ и Социјалистичката револуција.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од сиот имот што татко му го испродаде кога падна болен, кога немаше од што да живее, ја задржа само оваа мала бавчичка на брегот за да му остави нешто на Грдан кога ќе се врати, да има Грдан спомен од татка си...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во татковите книги со години трагав по спомените од неговото цариградско време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред сѐ, тука е проблесокот на спомените од детството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На белините на еден лист што ми го дофрлува споменот од некоја непостоечка витрина откривам многу многу надраски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми оживуваа, во сеќавањето, спомените од детството, од времето на козите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, со разлеана тага во своите сини очи, бездруго од задржаните солзи, ја прегрна Мајка и тивко ѝ рече: – Мила, задржи ги тие спомени од твоите родители.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)