А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За љубовта Пред многу, ама баш многу години, додека пеперутките сѐ уште можеа да се снимат на гастроскопија, во стомакот, и кога не беше срамота да се сака, се дружев со двајца слепи, кои само едно гледаа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Излегува еден стар човек и ќе рече: — Нели е срамота да тепате девојче во жал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)