Потоа фактот дека Рајна е жена на пријател; добро, ако не на пријател тогаш барем на близок човек на семејството; и трето, она најважното: Ролан беше припадник на една група луѓе што беше прилично меѓусебно поврзана а средбите помеѓу овие луѓе беа многу чести.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дискусија за лавиринтите, посебно за Балканот како лавиринт, зазеде посебно место и во идните средби помеѓу Татко и Климент Камилски, посебно откако првиот го нарече нашиот Полуостров најголем и најсложен лавиринт.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Веројатно и Анатолиј немаше да дозволи неговата сопруга да ја премине границата што може да ја доведе во прашање и неговата врска со Рајна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)