Некои кучиња, поради промената на домашната средина или храната, запаѓаат во депресија: одбиваат да јадат, да вршат нужда каде што е определено за тоа, ја прилепуваат главата на шепите, дишат тешко, издивнуваат, лежат нерасположени како да им е одмилен животот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Така, приврзаниците на предимството на глаголицата го истакнуваат следново: 1.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најстариот досега пронајден словенски книжевен споменик е Киевскиот мисал (средина или втора половина на X век), напишан е со глаголица и одразува некои несомнено моравски црти, што значи дека е непосредно сврзан со дејноста на Константин и Методиј во Моравија. 2.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На судот животните ги претставувал адвокат кој обично ги бранел нивните дела со тврдења дека тие, како божји суштества, имаат исти права да живеат во одредена средина или да јадат некои билки.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)