Кога луѓето започнале да ги развиваат културалните мемориски банки (кога започнале да стануваат луѓе) се здобиле со достап само до едни крајно проблематични мнемонички средства. (Мнемоничко средство или мемориско помагало е објект што ни овозможува да бидеме „информирани“ - Односно: да складираме информација.)
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Бирото работите од својата надлежност ги извршува преку: а) директор на Бирото [владин агент]; б) лица овластени од Владата, на предлог од владиниот агент и в) вработените во Бирото (чл. 5, ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во заокружената изјава за мотивите, вие морате да кажете нешто што ќе го именува делото (се именува она што се случило во реалноста или во мислите), и потоа да се именува сцената (позадината на делото, ситуацијата во која тоа се случило); исто така, морате да укажете која личност или тип на личност (извршител) го извршила делото, кои средства или инструменти тој користел (средство), и која била целта . . . секоја комплетна изјава за мотивите би нудела некој вид одговор на овие пет прашања: што е сторено (дело), кога или каде е сторено (сцена), кој го сторил (извршител), како тој тоа го сторил (средство) и зошто (цел). (Burke, 1969 стр. xv) Со поставување на прашања за искусување на искуството, можат да се истакнат посебни дела, сцени, извршители, средства и цели.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Интересни се два инструмента кои и стојат на располагање на на- шата држава за спогодбено разрешување на спор кој, преку аплика- ција, стигнал пред ЕСЧП: 1) Спогодба за пријателско решавање на предметот е изјава со која Владата на РМ се обврзува да му исплати на жалителот определен износ на парични средства или пак, преку домашните судови и државните органи, да преземе извршување на определени дејствија, за сметка на што жалителот се обврзува да престане со натамошни постапувања и барања пред Судот против РМ во односниот предмет, со што се постигнува конечно решавање на предметот; и 2) Еднострана декларација како изјава со која Владата ја признава сторената повреда на РМ и, ценејќи ги фактите и околностите на предметот, ја изразува спремноста да исплати одреден паричен износ – понизок од понудениот во спогодбата за пријателско решавање, со што се постигнува конечно решавање на предметот (чл. 2, ст.1, ал.2-3 од ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Честопати укажувам на Барк-овата (Burke) демонстрација на мотивот како рамка за оваа работа: Ние ќе користиме пет поими како генерирачки принцип во нашето истражување. Тие се: Дело, Сцена, Извршител, Средство, Цел.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)