На тој кој ги шири тие гласини му порачувам малку да запре!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Јас сум неизбришлив траг на среќа во оваа земја на анархија!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Синот се насмевнал и му посакал на Татко среќа во тоа што го наумил...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На крајот, другарот Чапаев, стегајќи му ја цврсто раката, рече: - Ви посакувам среќа во работата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
„Ние имавме среќа во некои куќи, а во други имавме само несреќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некаква среќа во домот...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сеж така совршено би можело да биде, кога среќата во себе би ја барале, наместо да ја раздаваме.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ако немаш среќа во купувањето, си го обрал бостанот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Јас клетва ќе носам и тогаш, ко блажена среќа во гради ти истурам...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Имаат среќа во животот, но поради емотивноста, лесно потпаѓаат во негативни психички состојби и стресови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За нив како да заминував на пат од кој моето враќање требаше да им ја донесе ветената радост, трошката среќа во осамата крај морето близу пустината!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но секое зло за добро. Ти пожелувам среќа во бракот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Од друга страна, кога интервјуто би било класично (разговор, диктафон и сл.), не верувам дека воопшто би можело да биде изведено, согласно со рамките најпрво на мојот, а потоа и на твојот идентитет; емпириски е докажано дека таквиот разговор со малку среќа во најмала рака би завршил со непријатна тишина, со раскинување на сите договори и чекање евентуално да се признае сопствената грешка, до следниот чекор, контакт.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Чуствував како ми буричкаат во свеста и сакав да променам премногу нешта телето веќе притисок ми крена ми дојде даљинско да фрлам во екран Во главата уште ми се моташе ботокс и верглав рефрен од дебилна песна од срањето среќа во несреќа стигна ми заврши запекот се олеснив сместа Сеуште чкрапав ко луд махинално се покајав воопшто што сум се родил слегов до гранап по пиво на рецка од радијација да ублажам бол
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Не е среќата во заминувањето!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но таа веруваше во Татковите илузии, како во реалност што ја беше прифатила еднаш засекогаш, како можна среќа во која повеќе се верува отколку што се живее.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беа тоа ретките мигови на среќа во деновите на залезот на нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не сакаше да му го загорчува животот со спомените, во времето кога се доближувавме кон можната среќа во туѓина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тука овие книги ги претставуваа границите на среќата во семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Навистина имав среќа во тој поглед, бидејќи како млад човек и сценограф бев догматик.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ТАТКО МИ ОДИСЕЈ
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од каде ќе знаете дека тоа е вашата среќа ако ја немате болката и тагата во животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
-„Кои работи во животот ве тераат да застанете и да живеете, а не да трчате кон крајот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да се сетиме на најрадосниот момент во живот, кога доживеавме искрена, длабока среќа Во хистеријата на секојдневието, кога ќе се сопнете на најситното камче сте се запрашале ли: -„Која е вистината за вашиот живот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Што мислите ќе биде ли среќата, среќа во чиста форма?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Не размислувај, мајко, вечерва не! Чувај ја среќата во нашето семејство.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ја имав среќата во животот да се најдам под сенката на неколку такви личности на Франција, кои му даваа една сосема подруга смисла на мојот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мојата читателка Елен Лејбовиц, радоста на моето пишување, во потрага по среќата во меандрите на егзилот, не можеше да знае дека мојата мисија како амбасадор во Париз завршуваше токму на денот кога го добив ова прво писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И повторно пак тебе те гледам, Месечино и изгреву мој на исток, златна косо, насмевке милиони вредна, бесценета среќо во градот никогаш разбуден.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Татко имаше среќа во вистинскиот миг да го спаси семејството од сталинизмот во родната Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во секој случај сопствениот треба да биде послободен, а авторот порасположен за да си ја проба среќата во работата заради која беше дојден.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Насмеано ѝ рече: „Не знам вам, госпоѓо, ама мене случајното среќавање со вас ми е трета среќа во два дена“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Конечно успеавме да доживееме малку мир и среќа во нашата врска.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Желба за слава која уништува и не ти дозволува да ја согледаш реалноста. Барање среќа во погрешни правци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Заслужува успех. Ѝ посакав многу среќа во кариерата и ѝ реков дека сум сигурна оти наскоро ќе ја гледам на телевизија. Навистина, тоа и се случи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Решителен и смел, тој “на смртта гледаше како на една среќа во животот и секогаш насекаде ја сакаше, без разлика во какви услови би се појавила таа,“30 стига да му служи на делото за кое се борел - на Македонија31.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)